Живот
19. February 2016 - 20:57

„Медицински е неверојатно жената да забремени за време на силувањето“

Бог ја предвидел предиграта. Не толку заради нас мажите, туку жената да биде подготвена. Кој не е заинтерсиран за предигра? Животните и силувачите, вели Дамир Стојиќ.
 
Сакам да „скршам“ еден урбан мит во врска со силувана жена. Кога и да се зборува за абортус, секогаш се користи една метода која вклучува изнаоѓање на маргинален случај, емоции или примена на општ морал. таа е збунета во разликувањето дали е нешто добро или зло. најмаргинални случаи се силуваните девојки, но целата психа од опшеството е концентрирана на нив, изјавил Дамир Стојиќ за време на дебата за правото на живот во студентскиот дом "Стјепан Радиќ" во Загреб. 
 
Исто така додал дека „медицински е неверојатно една девојка да забремени во таков случај“, пишува Narod.hr.