„Медена земја“ ќе се прикажува во кината во осум македонски градови
Документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) од денеска почнува со кинодистрибуција во осум градови низ земјава. Филмот кој оваа година е македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, покрај во Скопје ќе се прикажува и во Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Битола, Куманово, Свети Николе и Охрид.
Од 19 часот ќе се прикажува во Центарот за култура во Крива Паланка, а од 20 часот во Домот на културата во Кратово и во Домот на млади во Штип. На 2 октомври е закажана проекцијата во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со почеток во 19 часот, а на 3 октомври во 20 часот филмот ќе се прикажува во „3D Кино“ во Битола и во МКЦ „Козјак“ Куманово.
На 4 октомври во 19.30 часот документарецот ќе игра во Домот на културата во Свети Николе, а во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Продукцијата соопшти дека наскоро ќе бидат објавени термини за кинопроекции и во другите градови.
Покрај редовните проекции во скопското кино „Синеплекс“ во ТЦ „Сити мол“, наградуваниот документарец од 21 септември е на репертоарот и на кино „Милениум“.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море