Спорт плус
19. April 2016 - 10:17

Медали за македонските пливачи на митинг во Белград

Освоени вкупно 26 медали и соборени два државни рекорда се резултатите на македонските пливачи на меѓународниот пливачки митинг што се оддржа минатиот викенд во Белград.
 
Андреј Стојановски ги собори рекордите во негова категорија во дисциплините 100 метри градно со време 1,21,73 и во дисциплината 200 метри градно со време 2,54,63. Андреј Стојаноски трето место во дисциплината 1.500 метри слободно и успеа да се избори за финале во дисциплините 200 метри слободно и 400 метри мешано. Матеј Цветановски освои трето место 50 метри слободно во финалето. Љупчо Домазетов освои трето место на 50 метри слободно, и трето место на 50 метри грбно. Вивит Калач беше втор на 50 метри грбно, втор на 100 метри грбно, тре на 100 метри грбно, втор на 50 метри градно, прв на 50 метри градно и прв на 100 метри градно. Сениорите се позлатија во штафети и тоа прво место 4x50 метри мешано и прво место 4x50 метри слободно.
 
Македонските прливачи во кадетски штафети освоија трето место на 4x50 метри мешано.
 
Најмалите наши натпреварувачи, Миа Блажевска Еминова освои прво место на 50 метри делфин, второ место на 100 метри слободно, прво на 50 метри слободно. Јован Јанковски освои трето место на 50 метри делфин. Андреј Стојановски беше прв на 200 метри градно, втор на 50 метри градно, прв на 100 метри градно и прв на 200 метри мешано. Јана Милковска освои трето место на 100 метри слободно, прво место на 100 метри делфин и прво место 100 метри мешано. Калина Стојановска беше прва на 50 метри грбно, а Стефан Цветковски трет на 200 метри грбно.