Балкан
1. November 2019 - 18:00

Мечка пливаше во базен во хотел во Бугарија

Голема кафеава мечка влезе во хотелски комплекс во бугарскиот град Сопот и се избања во базенот.

Камерите од хотелскиот комплекс објавија видео снимка, на која се гледа како мечката плива во базенот.

Нема информации од каде дошла мечката во хотелот.