Живот
29. November 2017 - 21:25

Мечка му го одгриза носот: Сакаше само да ја сподели својата приказна но на ваква реакција не се надеваше

Во британската утринска програма се појави ловец без нос. Тој говореше за несреќата која го снашла, но гледачите не му беа толку благонаклонети.

Ли Брук (50) во борбата со мечка го изгубил носот и горниот дел од устата, а таа го нападнала откако и го убил малечкото. И покрај неговата несреќа, гледачиет не покажаа некое сочуство. Дури некои го обвинија дека „го добил тоа што го засллужил“.

„Ми звучи како карма. Мечките не сакаат ловци“, беше еден од коментарите.

„Тоа е она што ќе го добиете кога ќе ги пвредите невините животни. Жал ми е, но не чувствувам тага за некој кој лови животни проади забава“, напиша друга гледачка на Твитер.

Брук се сретнал лице в лице со мечка додека минатата година бил во лов со својот зет Џорџ Нил и двајца пријатели во планините близу Дубоа, во Вајоминг.

Бесната женка на убиенот мече го соборила на земја. Бил во несвсет. Неколку луѓе ги слушнале неговите вресоци и го нашле еден час подоцна во шумата, а неговиот зет му ги видел грзнатиот нос, горната усна и мустаќи.

Брук следните седум месеци ги поминал во болница и имал безброј операции. Поголем дел од неговото лице е реконструирано со кожа од десната нога, а уште има метални плочи и штрафови во главата. Докторите планираат да му го реконструирааат и носот и горната усна.

Звучи неверојатно, но ниту крвавиот инцидент, ниту критките кои ги доби гостувајќи во ТВ емисиајта, не го одвоија од ловот.