Живот
24. May 2019 - 13:54

„Ме научи како да се претворам во лебед“ - сестрата на Емилијано Села со емотивна порака

Пет месеци по несреќата сестрата на Емилијано Сала, Ромина, на Инстаграм му посвети значајна порака на својот брат кој го загуби животот на 21 јануари годинава по авионската несреќа која ја доживеа на патот према Кардиф.

„Тешко ми е да разберам како ти мене ме остави без да ме предупредиш. Ти кој беше занаетчија на моето срце, ти кој се посвети да го изградиш со твојата љубов. Ти благодарам што успеваше да ме претвориш во лебед секогаш кога се чувствував како грдо патче. Твоето отсуство станува постојано присутно. Сега јас сум тука, а ти не си. Ме научи да сакам. Ми остави дар, за да можам во твое отсуство да се трансформирам во лебед, сеќавајќи се на начинот на кој ти тоа го стори за мене. Почнувам да верувам дека се е способно за почне повторно. Со љубов… Со љубов…“, напиша Ромина Сала.