Македонија
16. November 2017 - 16:23

МД „Илинден“ бара македонската влада да помогне за поврзување на Голо Брдо со новиот автопат од Тирана до Блато

Македонците од Голо Брдо, Албанија бараат македонската влада да посвети повеќе внимание на нивните барања за подобрување на нивниот статус и на заедничката седница со албанската влада што треба да се одржи во Поградец да побара изградба на крак од новиот автопат Тирана-Дебар што би го споил голо Брдо и со Македонија и со Тирана.
 
Од владата велат дека работните групи од двете влади денеска дискутираат и ги договараат сите релеванти теми поврзани со дневниот ред кој се уште не е утврден, но дека во Поградец ќе се разговара за се. Македонците од Албанија, пак бараат и промена во категоризацијата на граничниот премин Џепиште - Требиште Голо Брдо.
 
Граничниот премин беше отворен во мај 2013 година како регионален премин од втора категорија, и него може да го користат само жителите од регионот и тоа во ограничен период од денот, во лето од 08-20, а во зима од 08 до 18 часот.