МБП: Македонците со бугарски пасош можат да гласаат на изборите во Бугарија
Од Македонско-бугарско пријателство преку соопштение ги демантираа лажните информации дека македонските државјани кои поседуваат и бугарски државјанства нема да можат да го искористат своето право на глас на претстојните парламентарни избори во Бугарија кои ќе се одржат на 4 април (недела) 2021 г.
Во отворените изборните места на територијата на Р. Македонија во Амбасадата на Р. Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат во Битола и во градовите Штип, Охрид и Струмица ќе можат да гласаат сите бугарски државјани кои сакаат да го остварат своето гласачко право.
– Подвлекуваме дека нема никаква забрана за гласање на македонските граѓани со бугарски државјанства. Гласините дека ќе можат да гласаат само лицата кои се пријавиле електронски во Централната изборна комисија на Бугарија се ноторна лага. Право на глас имаат сите, а доколку не се пријавени во ниту една од избирачките секции, ќе можат да гласаат откако на лице место пополнат декларација дека не гласале на друго место. Тоа се правилата на ЦИК, кои се во целосна согласност со бугарскиот закон за избори и нема никакви измени, дополнувања или ограничувања, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација