Мажот од љубомора ја полеа со бензин и ја запали: Нејзиниот одговор ги шокираше сите
Светските медиуми објавија шокантни фотографии од млада жена чие лице буквално се истопио откако нејзиниот сопруг ја полеал со бензин и ја запалил.
Чатчаварн Тарин (28) се оженил со Недапа Нианку (26) во јуни минатата година, но набрзо потоа станал посесивен и насилен. Нианку во декември објавила три сосема невини фотографии на Фејсбук на кои само и се гледала главата и рамената. Но тоа секако не му се допаднало на нејзиниот маж.
Мајката на 6-годишниот Ломи се обидувала да му побегне на мажот но тој ја полил со бензин и ја запалил во нивиот заеднички дом во Ампо Чианг Кам на северот од Тајланд.
Неднапа претрпела страшни повреди и изгореници по целото тело и лице, и и биле потребни три итни операции за да и се паси животот, а потоа уште неколку во наредните два месеци.
Работата да биде побизарна, 26-годишната рекла во медиумите дека му простува на сопругот кој чека судска пресуда зошто не сака нивниот заеднички син да страда.
-Ми остави лузни и на телото и на срцето. Но морам да му простам на својот маж зошто имаме дете. Кога ме фати огнот, знаев дека постои пекол. Беше тоа најголема болка и страв кои може да ги замислите. Ќе бидам ваква засекогаш и знам дека постои пеколот. Од сешто може да бегате, но не и од кармата. Ова не можеше никој да го предвиди, но од некои работи не можете да побегнете. Мојот маж е полн со грев и еден дена ќе го стигне кармата. Сега е во затвор, а има син на кој му е потребен.
Полицијата го истражува случајот и не можат да претпостават каква ќе биде казната на крајот.
На повредената жена и се потребни пари за лекови и медицински материјал. Трпи големи болки и и треба лекарска помош.
Ново на Сител
-
Коалицијата Вреди го потсетува Османи на случајот „Пациент“
-
Кумановец избегал од затвор и ограбил продавница во Крива Паланка
-
Зеленски бара помош од запад по рускиот напад врз Чернигов
-
Бојмацалиев од Пробиштип: Годинава бонус плата во МВР од 36.000 денари
-
Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал
-
Тешко повреден 53-годишен пешак на патот Кичево-Охрид
-
ССМ: Во наредните денови ќе го радикализираме протестот
-
До вторник облачно со повремен дожд, а на планините снег