Балкан
5. April 2016 - 17:54

Мажот на убиената Јелена во притвор ги чека - резултатите од ДНК анализата

Судбината на Зоран Марјановиќ, сопруг на убиената Јелeна, зависи од резултатите на ДНК анализата на генетски материјал најден под нејзините нокти.
 
Доколку ДНК анализата утврди дека трагите под ноктите припаѓаат на Зоран, против него ќе биде поднесена кривична пријава и одреден 30 дневен притвор или доколку нема докази тој ќе биде пуштен на слобоа.
 
Според најновите детали од истрагата, Јелена најверојатно е убиена со тап предмет, најверојатно дрво, а не чекан како што претходно беше наведено.
 
Сопругот на пејачката минал низ полиграфско испрашување во полицијата, но и покрај тоа тој е задржан во полиција.