Мажот, кој уби тројца и рани сто лица во Австрија, осуден на доживотен затвор
Психички заболениот маж, кој уби три лица и рани над сто во австрискиот град Грац, минатото лето кога влета со возило во толпа луѓе, беше осуден на доживотен затвор и е испратен во психијатриска установа.
Поротниците од Грац оценија дека Ален Ризвановиќ, 27-годишен возач на камион, може да сноси кривична одговорност за неговите постапки, порекнувајќи го мислењето на обвинителството и на експертите, кои на обвинетиот му поставија дијагноза шизофренија, проследена со параноични халуцинации.
На 20 јуни 2015 година овој татко на две деца удри со возилото десетина минувачи, возејќи со голема брзина низ пешачкиот центар, преполн со луѓе, во вториот по големина град во Австрија.
Тој излезе од автомобилот и нападна со нож други луѓе, при што рани двајца, по што и се предаде на полицијата.
Трагедијата, во која загинаа четиригодишно дете, 24-годишна жена и 28-годишен маж, ја шокираше цела Австрија. Полицијата веднаш ја исклучи можноста дека станува збор за терористички напад. Инцидентот го определи како дело на личност со нарушено психичко здравје.
Во текот на судскиот процес беа сослушани 130 сведоци, а обвинетиот, кој целиот бил облечен во бело изјави дека во моментот на инцидентот се почувствувал „дека некој го прогонува“.
Според изјавите на настраданите тој симулирал шизофренија. Поротата утврди дека Ален Р. може да сноси кривична одговорност, но сепак го испрати во психијатриска болница, бидејќи оцени дека тој претставува опасност за околината.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица