Бизарно но вистинито
16. November 2015 - 16:52

Мажот добил инфаркт додека имал секс во џакузи, се срушил врз сопругата и ја удавил!

Чарлс (67) и Дороти Мекензи (63) починале во џакузи во еден мексикански хотел, каде дошле за да присуствуваат на свадбата на својата ќерка. Двајцата воделе љубов, кога Чарлс доживеал срцев удар и починал на лице место. Со оглед дека во тој момент се наоѓал над својата сопругата, неговото безживотно тело ја притиснало несреѓната Дороти на дното од џакузито, каде се удавила.
 
Нивните тела утредента ги пронашла ќерката. Тие во Мексико дошле неколку дена пред свадбата на нивната ќерка,која тебала да се венча во „Playasar palas“, истиот хотел во кој нејзините родители починале.
Портпаролот на хотелот соопштил дека нема знаци на насилно влегување во собата, апологот во својот извештај ги потврдил горенаведените наводи, дека брачниот пар починале во несреќен случај.