Живот
19. February 2018 - 12:03

Мажите пред неа паѓаат како покосени: И купуваат скапоцени подароци, па и угодуваат на сите можни начини - а сега е откриена нејзината монструозна тајна

Со години Дона Браун од Кливленд на мажите од нејзиниот живот им подметнувала лаги и со нив се извлекувала. Вретела секогаш две исти сценарија - бременост или рак, а мажите паѓале на нејзините лаги, вкупно седум лица. 
 
Седум пати се мажела и секој нов брак го склучувала во ист ден како претходните. Само на еден му дозволила да од разводот до следниот брак да помине повеќе од месец дена. 
 
- Ја запознав на еден сајт и веднаш се заљубив до уши. Излегувавме два месеци кога ми рече дека забременила и тоа со тројка, но тоа не е се, ми рече дека и е дијагностицирана леукемија, се присетува Џерад, еден од нејзините мажи. 
 
Бидејќи се чуствувал одговорен за се, тој брзо договорил венчавка. Датумот бил 3. мај, а Џерад немал претстава дека таа сите претходни бракови ги направила токму на тој ден. 
 
На својата нова сопруга и купувал скапоцени подароци, како и сите негови претходници. Десетина илјади долари потрошил за жена која ја познавал само неколку месеци и не е единствен. 
 
Меѓутоа наскоро Џерад почнал да се сомнева. Дона редовно му покажувала фотографии од ултразвукот, но на него му делувало некако сето тоа како лажирано. 
На крајот ги покажал на својата мајка, инаку медицинска сестра. таа забележала дека бебто на фотографијата е многу развиено отколку што треба да биде во тој месец од бременоста. 
 
- Постојано измислуваше лаги само за да не одам јас со неа на преглед. Таман кога ќе закажеме, таа ми вели дека лекарот го одложил прегледот. На крајот се јавив во болницата и сфатив дека никогаш и не била таму, се присетува Џерад. Во тој момент биле венчани два месеца, па тој само си ги спакувал работите и си заминал. 
 
Пред некое време биле и во судот за да се разведат, а тогаш таа се појавила во друштво на нов маж, со нов веренички прстен. 
 
- Од тогаш не сум разговарала со неа, но секогаш се прашував каква измама подготвува. Секој пат која ќе слушнам дека е киднапирана трудница, секогаш миселев дека Дона е замешана, вели овој маж. Што се точно се случувало во сите нејзини бракови нејзините поранешни партнери со срам зборуваат за тоа. 
 
Во 2001 година од болницата дека Дона се обидела да киднапира новороденче, а после една недела локалната болница закачила лист со следнава содржина: 
 
- Ве молам да обрнете внимание на жената со име Дона Мери Браун, која лаже дека е бремена и би можела да ви го киднапира детето, стои ова во соопштението во болницата. 
 
Оваа жена моментално одбива да го коментира овој случај а истото важи и за нејзиниот адвокат.