Живот
21. April 2016 - 9:16

Мажите почесто глумат оргазам отколку жените

Предолго време луѓето живееја во целосно незнаење, мислејќи дека само припадничките на поубавиот пол глумат оргазам, но изгледа дека мажите по тоа прашање „се виновни“ повеќе и од жените.

Едно истражување спроведено од страна на Универзитетот „Квебек“ во Монтереал откри дека мажите почесто глумат оргазам, отколку жените и тоа еднаш на секои четврти сексуален однос.

Научниците за потребите на ова истражување направиле интервју со 230 мажи-доброволци на возраст меѓу 18 и 29 години. Испитаниицте били прашани дали некогаш глумеле оргазам и ако да, колку често. Резултатите биле многу изненадувачки.

- Во просек учесниците се изјасниле дека имале лажен оргазам на секои четврти сексуален однос. Најчести причини зошто глумат се желбата да „обезбедат емоционална благосостојба“ на партнерката, да не покажат дека алкохол влијае на нивната машкост или за да сокријат дека се нерасположени за секс, открија истражувачите.

Логично, најмногу лажни оргазми се случиле во текот на вагиналниот секс, но повремено тоа се случувало и при орален или анален секс, како и при „рачна стимулација“.