Балкан
26. August 2016 - 12:09

Маж загина во тешка сообраќајка - го сечеле возилото за да го извадат телото

Педесет годишен маж чиј идентитет не се соопштува го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа која утрово околу 9:30 часот се случила на Ибраската магистрала во близина на Сремчица, Република Србија.


До несреќата дошло кога камион удрил во пикап. Од силата на ударот пикапот е целосно уништен. На лице место пристигнала Брза Помош но лекарите можеле само да констатираат смрт кај возачот на пикапот.
Поради сообраќајката и увидот сообраќајот бил во прекин до 11:30 часот.