Свет
17. April 2017 - 16:25

Маж во САД во живо на Фејсбук емитувал убиство

Полицијата во Кливленд трага по маж, за кој постои сомневање дека убил човек и оти злосторството го пренесувал во живо преку Фејсбук.

Осомничениот подоцна објавил уште една видео снимка на социјалната мрежа, тврдејќи дека убил и други луѓе. 

Полицијата досега не потврдила други убиства, освен тоа што се случило во неделата попладне во населбата Гленвил.

Видео снимката од убиството, кое е објавено на Фејсбук, била на социјалната мрежа околу три часа пред да биде отстранета. 

Полицијата трага по, Стивен Стивенсон и  смета дека е вооружен и опасен. Детали за жрвата не се објавени.