Loading Video...
Свет
9. November 2018 - 19:28

Маж со нож бодел луѓе во центарот на Мелбун, еден мртов и двајца повредени

Маж со нож утрово дивеел во центарот на Мелбурн. До смрт избодел едно лице а две тешко повредил. Полицијата го ликвидирала напаѓачот кој прво запалил автомобил а потоа тргнал во крвавиот поход.Освен случајните минувачи, нападнал  и полициски службеник. Инцидентот се води како тероризам.  Астралиската тајна служба   соопшти дека  тој бил во групата лица кои биле набљудувани , но не откри  зошто. Исламска држава објави дека нејзин борец го извршил нападот но не даде никакви докази.