Живот
3. јуни 2018 - 13:44

Маж скокна од четвртиот спрат, а додека паѓаше, од спрат подолу го фати пожарникар

На Фејсбук е објавено драматично видео од спасувачка акција во Летонија. Тамошните пожарникари и надлежните служби добиле повик за спасување маж, кој се подготвувал да скокне од прозор на четвртиот спрат.

Тие знаеле дека ако влезат во станот, само ќе го убрзаат самоубиецот да го почне очајничкиот потег. Наместо тоа, влегле во станот еден спрат подолу. Еден од пожарникарите излегол на прозорот и направил нешто невозможно, во лет го фатил човекот кој паѓал од спратот над пожарникарот, по што со помош од колегата го внесол внатре во станот.

Министерството за внатрешни работи најавило дека ќе ги награди пожарникарите кои извеле храбра акција за спасување човечки живот.