Македонија
26. August 2018 - 13:35

Маж се застрела во гостиварско

Уште едно самоубиство денеска во црниот билтен на МВР.

Утрово во 00,25 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека во село Дебреше, гостиварско Ј.М.(78) извршил самоубиство со пиштол. Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.