Македонија
22. January 2020 - 16:51

Маж се самозапали во трговскиот во Кочани

Среде пладне бизарен инцидент се случи во Кочани. Во трговскиот центар на очиглед на сите се самозапали 46 годишен маж. Пред преполните кафулиња, човекот седнал на плочникот пред фонтаната се полеал со бензин извадил запалка и се запалил. Среќа во целата несреќа е што келнерите од кафулињата брзо реагирале, ги земале противпожарните апарати и го изгаснале пламенот.

- Иако целата случка се одвивала пред мноштво граѓани, никој не сакаше пред камера да зборува за она што се случи. Сепак дознаваме дека пред да се самозапали човекот не кажал ништо во знак на протест, па затоа и се смета дека се работи за суициден чин.

Поради тешките изгореници, со возило на итната помош веднаш е пренесен во кочанската болница, но заради сериозноста на повредите е транспортиран и хоспитализиран во Клинички центар во Скопје. Од Центарот за социјални работи од Кочани велат дека лицето не е корисник на социјална помош туку се работи за семеен човек, кој последните неколку години неговите сограѓани го приметиле дека талка бесцелно по улиците. Полицијата изврши увид на лице место и по завршување на истрагата ќе се знаат причините и мотивот за суицидниот чин.