Свет
29. March 2018 - 11:29

Маж се обиде со автомобил да прегази група војници, па побегна

Маж денеска се обидел со автомобил што го управувал да прегази група француски војници, кои трчале во близина на касарната во местото Варс-Алиер-е-Рисе во централна Франција.

Според безбедносни извори, при инцидентот нема повредени.

Истите извори информираа дека мажот се обиде да ги прегази војниците, припадници на 93-от артилериски полк, околу 8.45 часот. По неуспешниот обид да ги прегази војниците, тој побегнал,

Во тек е акција за откривање на мажот, чии мотиви засега не се познати.

Денешниот инцидент се случува по нападот што го изврши осомничен припадник на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во петокот во јужна Франција, при што загинаа четири лица.