Македонија
11. September 2021 - 17:20

Маж пронајден мртов во неговиот дом во Богданци

Вчера во 14.30 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека во неговиот дом во Богданци од неговата сопруга е пронајден починат Б.С.(79) кој имал здравствени проблеми, соопштија од МВР.

Лекар од итна медицинска помош Гевгелија констатирал смрт.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Гевгелија, а по овластување на јавен обвинител издадена е наредба за обдукција.