Македонија
31. May 2017 - 19:05

Маж пронајден мртов во двор на куќа во Скопје

Маж од дебарско Косоврасти вчера утрото пронајден мртов во двор на улицата „Козле“.

Како што соопшти МВР вчера во 8:40 часот во Скопје на улицата „Козле-18“, во дворот пронајден е починат В.М. (71) од село Косоврасти, Дебарско, а со престој на наведената адреса. 

Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.