Маж предизвикал сообраќајка па избегал, па прегазил и полицаец по што повторно избегал
Маж се дал во бегство откако направил сообраќајна несреќа на булеварот „Никола Карев“ и го напуштил местото. По добиени сознанија полицијата го пронашла, но тој продолжил да бега, а приведен е неговиот совозач.
„На 22.07.2021 околу 17:00 часот на ул.„Пере Тошев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје запреле патничко возило „фолксваген голф“, со словенечки национални ознаки за кое добиле сознанија дека направило сообраќајна незгода на бул.„Никола Карев“ и го напуштило местото. Притоа, полициските службеници го лишиле од слобода совозачот В.Е.(43) од Скопје, додека возачот Р.Р.(45) од Скопје со возилото удрил еден од полициските службеници и се дал во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи