-->
-->
Маж починал откако со камион излетал од патот Плачковица - Штип
-->
Шеесет и петгодишен жител од село Таринци вчера загинал откако со товарно возило излетал од патот Плачковица - Штип и удрил во дрво.
Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 14:10 часот на регионалниот пат Плачковица - Штип пред крстосницата за село Козјак, Д.В.(65) од село Таринци - општина Карабинци, управувајќи товарно моторно возило „Застава 621“ со штипски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, по што излетал од патот и удрил во дрво.
Екипа на Итна медицинска помош констатирала дека Д.В. починал на местото на настанот.
Увид е извршен од екипа на СВР Штип и јавен обвинител.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители