Балкан
13. August 2019 - 15:03

Маж починал на брод во Хрватска, деца со хеликоптер пренесени во болница, најверојатно отруени со храна

Маж денеска бил пронајден мртов на брод, а четири лица биле пренесени во болница во Сплит во лоша состојба.

Две од нив биле деца, кои со хеликоптер биле пренесени до Сплит, а постојат сомнежи дека се работи за труење со храна, пренесува „Индекс“.

Според „Далмација“, станува збор за државјани на Италија.