Македонија
3. јуни 2017 - 20:42

Маж почина во пожар во прилепско Ерековци

 Едно лице загина во пожар на куќа во прилепското село Ерековци. Според надлежните од Прилепската противпожарна едница, денеска во 12:34 часот добиле повик за пожар во куќа во селото Ерековци. Интервенирале со две возила и пет пожарникари за да го изгаснат пожарот во дневна соба во куќата во селото.

Според дежурниот командир во Прилепската противпожарна единица станува збор за 76-годишниот Д.Н. кој бил слабо подвижен. Неговиот син два часа пред да избувне пожарот бил излезен надвор од куќата.

Лекарите од Службата за итна медицинска помош ја констатирале смртта, а увид на местото на пожарот направиле екипи од прилепската полиција и од Основното јавно обвинителство за да се утвдат причините за пожарот и за смртта на Д.Н.