Македонија
24. September 2020 - 10:52

Маж почина по пад од покрив во с.Злетово

Вчера околу 09.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во Клиничка болница Штип со тешки телесни повреди бил донесен Ј.М.(56) од с.Злетово, кој по укажаната помош починал, информираат од МВР.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите откако паднал од покрив при чистење оџак.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Пробиштип, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.