Свет
31. May 2017 - 19:24

Маж отвори оган во училиште во Ријад

Напаѓач отворил оган во училиште во Ријад и убил две лица, наведе извор од саудиските служби за безбедност. 

- Еден од професорите зема оружје и ги уби заменик-директорот и еден вработен во училиштето, објасни анонимниот извор. 

Претходно, американската Амбасада во Ријад на нејзиниот Твитер налог наведе дека непознат напаѓач отворил оган во училиште, во кое во моментот немало ученици, но не даде дополнителни детали за случајот.