Македонија
25. November 2018 - 13:00

Маж осуден за убиство уапсен во Арачиново

Триесет и четиригодишен маж вчера бил уапсен од полицијата, поради судска наредба за издржување на десетгодишна затворска казна за убиство.

- На 24.11.2018 година во 13.20 часот на ул,,Индира Ганди“, бб во Скопје од страна на полициски службеници, по судска наредба приведено е лицето А.С. (34) од Арачиново, Скопје за издржување казна затвор од 10 години по член 123 став 2 ,,убиство“ од Кривичниот законик на Република Македонија, информираат од МВР.