Македонија
5. November 2019 - 12:20

Маж од Скопје пронајден починат во домот на своја пријателка

Дваесет и деветгодишен скопјанец бил пронајден починат во домот на своја пријателка на улицата „Водоча“ во Скопје.

Од полицијата велат дека на телото на мажот немало траги од насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.