Македонија
27. March 2019 - 10:15

Маж од Радовиш уапсен поради поседување на марихуана

На 26.03.2019 во периодот од 12:00 до 13:30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш и Полициска станица Радовиш извршиле претрес во дом и други простори сопственост на С.К.(35) од Радовиш.

При претресот била пронајдена марихуана, по што С.К. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.