Маж од Петриња се разнел со бомба
56-годишен маж од Петриња рано утринава извршил самоубиство преку активирање на експлозивна направа, потврди сисачко-мославинската полиција.
Веднаш по дојавата за експлозија на местото на настанот излегла екипа на полицијата која ќе ги утврди сите околности од настанот, кажал за Хина, портпаролот на тамошната полиција, Дарио Качмарчик.
Полицијата не открила детали за самоубиството, а повеќе ќе биде познато после истрагата.
– Овие подрачја се трауматизирани, ова е единствената судбина која дава порака. Психолошката помош доаѓа, а прашање е колку ќе биде тоа доволно. Жал ми е, мое сочувство за фамилијата, рекол градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ.
Петриња овие денови претрпе незапамтена трагедија и поголем дел од градот е во рушевини по разорниот земјотрес кој ја погоди Хрватска на 29 декември при што загинаа седум лица.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи