Македонија
28. October 2021 - 18:16

Маж од Куманово излажал дека ќе му направи куќа, го оштетил за 528 400 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Т.(40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 28.07.2021, пријавениот го довел во заблуда Н.В. дека ќе му изгради викенд куќа во с.Јастребник, за што на 06.08.2021 склучиле договор заверен кај нотар.

По ова, Н.В. му исплатил во два наврата 400.000 денари и 128.400 денари, за што му бил даден документ „каса исплати“, а пријавениот сѐ уште не започнал со работа според договореното, причинувајќи му материјална штета од 528.400 денари.