Бизарно но вистинито
10. March 2016 - 17:43

Маж не ја испочитувал жена му за 8- март па таа му приредила хорор кој ќе го памети цел живот

Маринела Бене од Романија очекувала букет рози од својот маж Ионел за Денот на жената.
 
Кога сопругот се појавил со празни раце, па уште и кога одбил да и помогне во средувањето на куќата, се решила да му се одмазди на најужасниот начин – буквално му ги откорнала тестисите!
 
Ионел Попа итно е пренесен во болницата во селото Драгомирести со отворени рани на тестисите, кои настанале откако жената со рака ги фатила и силно ги повлекла за да го казни.
 
Маринела подоцна изјавила дека не и била целта силно да го повреди и очигледно не била свесна за сопствената сила – но дека нејзиниот маж го заслужил тоа што го добил.
 
„Мажот имаше сериозни отворени рани на тестисите. Изјави дека бил нападнат бидејќи не и донел на својата сопруга цвеќе за Денот на жената“ – изјави болничарката Аурора Попа.
 
„Наместо да му дадат плата од работа, тие му дале шише со вино и тој ден дојде пијан дома. Тој е друга личност кога ќе се напие. Цела ноќ ме тераше да не го гасам огнот бидејќи му било ладно, а јас го слушав бидејќи не сакав да се расправаме. Наутро го разбудив и му реков да оди на работа, или барем да ми помогне околу средувањето на куќата, а тој почна да вика како јас не можам да му наредувам“ – изјави Маринела.
 
Тоа очигледно била голема грешка.
 
„Му реков дека е само еден беден човек и го фатив за тестисите. Не сум виновна што не се помрдна и така дојде до повредата. Јас мислев дека можам да му ставам мраз на раната и од тоа ќе му помине, но тој инсистираше да викнеме брза помош. Беше многу изнервиран“ – изјави жената.
 
Парот е во брак 15 години и имаат 15 годишен син.
 
Ионел моментално е во болница, каде се опоравува и е во стабилна состојба, а полицијата го истражува нападот.