Македонија
12. January 2018 - 12:54

Маж нападнат од неколку кучиња среде Скопје

Маж нападнат од неколку кучиња скитници среде бел ден во центарот на Скопје. Како што информира полицијата, вера во 14.20 часот Ѓ.Љ.(57) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10.30 часот на Плоштад Македонија додека поминувал со велосипед го нападнале неколку кучиња скитници. Едно куче го каснало во пределот на десната потколеница, а друго во пределот на на левата нога.