Џет-Сет
1. August 2016 - 12:48

Маж му понуди брак на Новак Ѓоковиќ

Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ за време на финалето на турнирот во Торонто против Кеи Нишикори, доби „брачна понуда“.

Имено, неознат маж од трибината довикна: „Еј Ноле, дали сакаш да се омажиш за мене?.

Секогаш подготвен, Ѓоковиќ не запре, туку „брачната понуда“ ја одби одмавнувајќи со главата и продолжи да игра.

Новак на крајот го совлада Нишикори и го освои Роџерс купот, по што ги замоли луѓето во публиката да ги прегрнат оние крај себе, ширејќи така љубовни вибрации.

Инаку, „брачната понуда“ доаѓа со задоцнување, бидејќи Ѓоковиќ веќе е женет.