Македонија
16. December 2020 - 10:58

Маж лишен од слобода поради физички напад на сопругата

Вчера во 15.20 часот во Полициската станица во Неготино, 39-годишна неготинка пријавила дека околу 14.30 часот во нивниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг К.В.(39), информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Тој додаде дека лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.