Свет
1. January 2019 - 11:55

Маж избоден со нож, приведени 39 лица

Британската полиција уапси 39 лица во Лондон порад сомнение за обид за убиство откако маж беше избоден со нож

Полицијата наведе дека нападнатиот маж, кој има околу 30 години добил повреди опасни по живот.

Нападот се случил еден час по полноќ по локално време во Хамерсмит, во западниот дел на Лондон, пренесува Би-Би-Си.

Осомничените се приведени на сослушување.