Маж фатен на безбедносни камери како ја крши иконата на “Св. Стефан” во црква во Аеродром
Машко лице во петокот во два наврати влегло во црквата Свети Стефан во скопски Аеродром и ја искршил централната икона удирајќи ја со лакт. Првиот инцидент се случил во 14 часот и 15 минути на 6 октомври 2017 година, а вториот четири часа подоцна во 18 часот на истиот ден.
Од видео снимката на безбедносните камери, до која дојде „Религија.мк“ се гледа како лицето влегува во црквата удира со лактот во централната икона, ја напушта црквата и демонстрира агресивност и потоа заминува.
Според изворите на „Религија.мк“ станува збор за лице кое е задолжено за одржување на црквата, кое во страв бега од дворот на црквата. Потоа на истиот начин вандалот влегува во црквата и повторно со лакт удира по иконата. Откако случајот бил пријавен во полиција, припадници на МВР го откриле идентитетот и лицето било приведено.
Според нашите информации, станува збор за лице со нарушено психофизичко здравје. Инаку, овој не е единствен инцидент кој се случил во оваа црква.
Извесен пред овој настан, најверојатно истото лице секојдневно доаѓано во црквата ги гасело сите свеќи и плукало сите икони.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите