Спорт плус
26. February 2020 - 19:20

Мавровски меморијал: Доминација на Хоџиу и Малец, Јада осми

Денеска на падините на Бистра се одржаа натпреварите од вториот ден на 57-то издание на Мавровскиот меморијал во нордиско скијање. 
 
Повторно на програмата беа истите дисциплини од  вчера. На патеката од 10 километри во машка конкуренција  повторно доминираше Романецот Петрица Хоџиу  со предност од 28 секунди пред Ерик Страхиња од БиХ кој го освои второто место додека овојпат третото му припадна на Турчинот Омер Ајџичек.  Нашиот најдобар нордиец Ставре Јада оствари послабо време од вчера кога беше четврти и трката ја заврши на 8. Место.
Во женска конкуренција  повторно првото мести и припадна на нордијката од Хрватска Ведрана Малец пред Ајсенур Думан од турција и Сања Кушмук од БиХ.