„Матурска парада“ на плоштад „Македонија“
Традиционалната манифестација „Матурска парада 2017“ ќе се одржи денеска напладне на плоштадот „Македонија“.
На „Матурската парада“ традиционално учениците кои го завршуваат средното образование танцуваат квадрил. Годинава ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија.
Се очекува учество на околу 1.000 матуранти од 16 средни училишта од Скопје и нивните врсници од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија или околу 2.000 ученици. Moмчињата ќе носат сини, а девојките жолти маички.
Официјалниот дел на програмата ќе почне во 11:40 часот со обраќање на претставник од Град Скопје, а потоа матурантите ќе ја кажат заклетвата за ненасилство. Точно напладне со посредство на Македонското радио - Радио Скопје ќе биде преземен сигналот од Радио Словенија од каде доаѓа музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“, на која матурантите ќе го танцуваат квадрилот. По завршувањето на парадата ќе има честитка од Делегацијата на ЕУ во Скопје и кратка забавна програма со дел од учесниците во мјузиклот „Тајно моја“ во продукција на Македонската опера и балет.
Годинава, матурантите ќе танцуваат и салса на музиката „Shape of you“.
Покровители на „Матурската парада“ се Град Скопје и Делегацијата на Европската унија во Скопје.
Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација