Македонија
18. December 2020 - 15:40

Матурантите повторно на протест против државната матура

Ако тие можеа да ја закопаат историјата, ние можеме да ја закопа е матурата, ова е пораката која ја упатија средношколците на денешниот протест.

За матурантите од средното стручно училиште Владо Тасевски-ПТТ, неприфатливо е да полагаат државна матура, бидејќи практичната настава не може да се учи онлајн. Најавија дека ќе продолжат да ја бојкотираат наставата се додека надлежните не ги чујат нивните барања.

Од Министерството за образование и наука остануваат на ставот дека државна матура мора да има, бидејќи тоа е услов за матурантите да можат да се запишат на факултет.

 

Елена Милошевска