Македонија
9. јуни 2018 - 16:34

Матурантите полагаа мајчин јазик и литератира од државната матура

Во средните училишта во Македонија идните академски граѓани полагаа мајчин јазик и литература, еден од трите екстерни испити и задолжителен на државната матура.

Матурантите испито го оценија како релативно лесен, бидејќи се подготвувале долго време, поради неговиот обим.

Добри резултати од Државната матура очекуваат и од средното училиште Георги Димитров.

В понеделник ќе се полага третиот екстерен испит, а од Државниот испитен центар информираа дека најмногу пријавени има за бизнис и за биологија.

На 13-ти јуни ќе бидат тестирани матурантите кои избрале да полагаат математика. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит, односно најдоцна до 13 јули.