Македонија
9. јуни 2016 - 16:51

Матурантите денеска полагаа математика

Во сите средни училишта во Македонија денеска беше спроведен екстерниот испит по математика како дел од државната матура за учениците од гимназиското, уметничкото и средното стручно образование со четиригодишно траење. За испитот беа пријавени 2.335 кандидати.

- Испитот во целата држава течеше согласно сите пропишани правила и процедури без никакви проблеми. При спроведувањето на тестирањето беа вклучени членовите на училишните матурски комисии, како и околу 270 обучени тестатори-наставници од основните и средните училишта. Испитот го следеа над 50 овластени набљудувачи, вработени во Државниот испитен центар, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука, се вели во соопштението од Државниот испитен центар.