Матис: Сирија не го предаде целото хемиско оружје
Нема сомнеж дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад го прекрши договорот за предавање на целиот хемиски арсенал, со тоа што задржал дел од хемиското оружје, изјави американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис.
Тој, на заедничка прес-конференција со израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман во Тел Авив, посочи дека тоа е кршење на резолуциите на Советот за безбедност на Обединети нации и оти тоа прашање треба да се разгледува на дипломатско ниво.
Либерман одби да ги коментира наводите на израелското разузнавање дека Сирија се уште поседува од еден до три тони хемиско оружје.
- Израел располага со стопроцентна информација дека режимот на Асад употребил хемиско оружје против бунтовниците, истакна Либерман.
Матис наведе дека изминатите денови, по американските ракетни напади врз авиобазата во провинцијата Хомс на 7 април, сириската воена авијација ги распоредила авионите на различни локации.
Предвидено е при престојот во Израел, Матис да се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот