Македонија
17. September 2018 - 16:35

Матис од Скопје: Референдумот е најважниот глас во вашата историја

Македонските граѓани се пред најважната одлука во историјата, нивната волја ќе ја исцрта иднината на земјата, порача американскиот секретар за одбрана. Џејмс Матис вели дека договорот со Грција е историски, постигнат со трпелива демократија и тешки компромиси, но е клучен за пристапот на земјава кон НАТО. Ние сме подготвени да ве пречакаме како 30 земја членка, потенцираше американскиот секретар за одбрана.

Посетата на Матис е прва посета на американски секретар за одбрана по цели 14 години, што според премиерот Заев и министерката Шеќеринска, е доказ за силната поддршка на САД за членство на Македонија во НАТО. Со интеграцијата на целиот регион во евро-атлантското семејство вели Заев ќе се превенира мешањето на трети страни во внтарешните работи.

На средбата со Матис, претседателот Ивано истакнал дека Република Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД, а интеграцијата во НАТО и ЕУ, се највисоки приритети за земјата.

„Иако не сме во НАТО, нашата армија е НАТО компатибилна, и за тоа сме благодарни на САД. Тоа е влог во иднината. Мораме да бидеме подготвени за новите закани и новите предизвици“, порача претседателот Иванов на средбата со секретарот за одбрана на САД.