Балкан
11. April 2021 - 12:27

Матиќ: Србите од средина на април ќе можат во Грција, а од 14 мај и преку Македонија

Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ денеска изјави дека српските граѓани ќе можат, под одредени услови, да патуваат во Грција од 14 мај преку Македонија, а од средината на април преку Бугарија со потврда за вакцинација или со антигенски тест.

Матиќ, гостувајќи на белградската кабелска ТВ К1, изјави дека се работи на тоа, оние што патуваат на море, да можат преку туристичките агенции да аплицираат за вакцинација.

Српските граѓани ќе можат да патуваат и во Хрватска и Турција, а кога станува збор за таканаречениот вакцина туризам во Србија поради големиот број странци кои доаѓаат, Матиќ се надева дека овие лица дополнително ќе го мотивираат локалното население да се вакцинира.