Македонија
10. November 2021 - 21:24

Матичните лекари во договор со пациентите ќе одлучуваат кој да биде вакциниран против ковид

Согласност од пациентот, анализа на неговата целокупна здравствена состојба па дури потоа одлука дали ќе биде упатен на вакцинација.

Така ќе постапуваат матичните по најавата од Министерството за здравство дека ќе побара тие да ги повикаат пациентите за вакцина против ковид.

Од еснафското здружение потсетуваат дека постојат пациенти кои не смеат да ја примат вакцината.