Македонија
26. May 2020 - 16:33

Матичните лекари бараат сет мерки за помош за да не стават клуч на ординациите

Сет економски мерки за да не стават клуч на врата на ординациите бараат матичните лекари. Во писмото до Премиерот Спасовски и министерот Филипче посочуваат дека за време на пандемијата биле на првата линија во справувањето со Ковид-19. Закажувале за брисеви и ги следеле пациентите заразени со вирусот кои биле на домашно лекување. Поради зголемените трошоци за заштитна опрема од Здружението на лекари по општа и смејна медицина очекуваат Владата барем да им помогне со доделување на ваучери за набавка на истата.

- Пандемијата влијае на целокупната егзистенција на државата, здравстено и финансиски, но влијае и врз финансиско опстојување на аммбулантите во ПЗЗ: понатамошно обезбедување на ЛЗО, обезбедување услови на безбедна работа со пациенти и секако исплата на плати за вработените. Матичните лекари нема да можат да опстанат и ќе бидат приморани да ги затворат своите ординациите, се наведува во писмото од Здружението на лекари по општа и семејна медицина.

Техничкиот Премиер изјави дека ќе бидат разгледани барањата на матичните лекари.

-Врз основа на анализите ќе се носат и одлуките, изјави Оливер Спасовски, технички Премиер.

Матичните лекари во писмото ја потсетува власта и за ветеното покачување на капитациониот бод на 90 денари.